На денешниот протест во Неготино пред присутните се обрати сестрата на Фросина, Росица, која се заблагодари што рамо до рамо сите се бориме со нејзиното семејство, се бориме против незаконивоста, неказнивоста и корумпираноста во судството.
-Коренот на сите проблеми во опшеството доаѓа од судскиот систем, бидејќи има неприкосновена обрска да покаже и докаже дека злоделата мора да бидат казнети. Бидејќи законодавецот предвидел многу повисоки казни од оние кои судот во пракса ги досудува. Дури тогаш секој од нас ќе знае и ќе размислува за последиците пред постапките. По историјата на девијантното однесување на Васил, не почитувал ниеден авторитет, а и самиот суд во пресудата заклучува дека изјавите му се манипулативни и има направено повеќе прекршоци, него го прави исклучително опасен за целото опшество.

Васил станува една темпирана бомба. Доколку судијката Даниела Алексовска Cтојановска му го продолжела притворот се до правосилност на одлуката, а по вчерашната одлука на апелација тој само бил спроведен во затвор, мојата сестра Фросина, денес ќе беше жива. Затоа бараме одговорност од судијката Даниела Алексовска Стојановска и сите кои вмешале прсти во убиството на сестра ми. Правда за Фросина, рече таа низ солзи.