Секторот за внатрешни работи во Штип информираше за пријава на инцидент, кој се случил вчера во операциона сала во Клиничката болница во Штип. Како што дознаваме, се работи за двајца доктори, кои оперирале на двајца различни пациенти.
-На 05.02.2025 во 12.45 часот во СВР Штип, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во Клиничка болница – Штип бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш., на што возвратил, соопшти СВР.
Побаравме коментар од докторот на Клиничката болница, Владко Захариев, кој најави одговор со соопштение.
-Во текот на вчерашниот ден 05.02.2025 год., околу 12 :30 часот во работните просториите на Клиничка болница – Штип дојде до нарушување на работниот ред со физичка пресметка помеѓу двајца вработени. Во текот на денешниот ден , од страна на надлежните од Болницата случајот е пријавен во СВР-Штип и е поведена дисциплинска постапка за двајцата вработени. За сите понатамошни постапувања, дополнително ќе бидете известени, соопшти Клиничката болница – Штип.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.