Финансиска полиција влезе во Службата з аопшти и заедниќки работи во Влада, а како што неофицијално пренесуваат медиумите претреси се прават кај екс директорот Пеце Мирчевски.
-Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење. Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија, информираат од ОЈО.
Финансиската полиција, како што пренесуваат медиумите, врши претреси во домот поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчевски.
ОЈО најавува детали за подоцна.