Фросина Кулакова од Неготино на „Партизанска“ беше прегазена заедно со нејзиното куче Аја. За жал, Фросина го загуби животот, а Аја преживеа со повреди и траума.
-Аја и Фросина беа неразделни. Љубов невидена. И таа вечер биле заедно. Аја преживеа, но е повредена и со трауми. Сега кога поминуваат преку „Партизанска“, на местото каде се случи несреќата, бидејќи им е секојдневна рута за шетање, Аја цимоли и се тресе на тоа место, велат блиски на Фросина за ММС.
Дека Фросина и Аја биле неразделни и дека та била голем борец за правата на животните во објава на Фејсбук кажаа и од „Лина – Спаси живот,добиј живот,помогни на животните”.Кавадарци.
-Фросина. Ќерко наша , толку добрина имаше во тебе, толку милост , убавино наша. Како и секоја вечер со твоето душиче , со твоето пријателче Аја, за која ти се грижеше одговорно. Бевте љубов , поврзани, си имавте свој јазик заеднички , како и многу други кои своите миленичиња се дел од семејството. Голем љубител на кучиња, на се она што носи душа во себе, за разлика од нејзиниот убиец кој немаше емпатија кон се живо. Кобната вечер кога нашата мила Фросина со својот неразделен другар, нејзина Аја, поминуваа на пешачки. Радосни, среќни, две души сплотени кои си беа верни една друга ве сруши убиецот. Фросина ја покоси наркоман, дилер, пијаница, разгалено монструмче. Ја покоси заедно со нејзината душа миленичка, нејзината Аја. Никој не ја спомна Аја која откако и ја одзема нејзината милостлива Фросина, ѓаволот со неговото оружје со над 150 км на час ги исфрли на ладниот асвалт. Фросина за Аја беше поврзаност, беше нејзина заштита, љубов, среќа, заедно беа нонстоп, неразделни, пишуваат во објавата и додаваат:
-Кобниот момент кога Фросина и Аја слободно поминуваа на пешачки, на зелено ги сруши некое си прчло наркоманско, со над 150 км/ч и тоа на црвено за возилата. Ја уби Фросина…на лице место. На Аја и ја скрши ногата и ги раскрвари очите, чија крв беше и на твојот автомобил Васо убиец. Фросина и Аја беа една душа..си веруваа и не се разделуваа. Откако гадот ја уби Фросина неговиот автомобил го паркирал пред влезот на наејзината зграда. Фросина душа златна, немоќна, веќе во прегратка на ангелите, само немо се борела преку нејзината душа, да ја заштита нејзината Аја. Но, Аја каде те најде мила Фросинче. Аја, која со скршена нога и со раскрварени очи од ударот кој ве покоси убиецот. Твојата Аја се скрила под автомобилот кој те уби, паркиран пред твојата зграда. Аја те чекаше Фросинче, под автомобилот на убиецот, затоа што мислеше дека си тука во близина. Твојата Аја е тажна. Се барате една со друга. Од среќни и насмеани ве раздели некое наркоманче. Аја те гушка Фросинче. Добра еи многу и недостигаш. Сега ти си во земја Фросинче, Аја тажи по тебе, а ѓаволот кој ве раздели, суди му ти Фросинче. Аја е добро само е тажна по тебе. За некого беше само куче кое не постоеше, се вели во објавата.