Сојузот за младинска работа (СМР) го објави јавниот повик за доделување на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска”, наменета за последимпломски академски студии по младинска работа.
Оваа стипендија е востановена во чест и спомен на Билјана Василевска Трајкоска, истакната активистка и лидерка во областа на младинската работа, која со својата визија, посветеност и енергија даде значаен придонес во развојот и професионализацијата на младинската работа во нашата земја.
Стипендијата е наменета за сите заинтересирани лица кои планираат да се запишат на последипломските студии по младинска работа на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје и ги исполнуваат критериумите за упис на оваа студиска програма.
СМР објави дека заинтересираните кандидати може да аплицираат до 10 февруари 2025 година, до 23:59 часот со испраќање на потребните документи наведени во повикот.