Пред неколку часа американскиот претседател Доналд Трамп потпиша Извршна наредба за повлекување на Соединетите американски држави од Советот за човекови права на ОН (УНХЦР) и забрана на какво било идно финансирање за Агенцијата на ОН за помош и работа за Блискиот Исток (UNRWA). Извршната наредба, исто така, бара од државниот секретар да ги разгледа и да поднесе извештај до претседателот за тоа кои меѓународни организации, конвенции или договори промовираат радикални или антиамерикански чувства.
„Како и во 2018 година, кога САД се повлекоа од Советот за човекови права на ОН (УНХРЦ), Соединетите држави ќе ја преиспитаат нашата посветеност кон овие институции.Три организации на ОН кои заслужуваат обновен надзор се УНХРЦ; Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО); и Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA).Во УНРВА наводно биле инфилтрирани членови на групи кои долго време ги назначувал државниот секретар (секретарот) како странски терористички организации, а вработените на УНРВА биле вклучени во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. УНХРЦ ги заштити прекршителите на човековите права дозволувајќи им да ја користат организацијата за да се заштитат од контрола, додека УНЕСКО демонстрираше неуспех да се реформира, постојано демонстрираше антиизраелско расположение во изминатата деценија и не успеа да одговори на загриженоста за зголемените долгови“, пишува во информацијата од Стејт дипартментот на САД.
Администрацијата на Трамп веќе најави згаснување и припојување на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД). Како што соопшти Стејт дипартментот, „УСАИД долго време отстапи од својата првична мисија за одговорно унапредување на американските интереси во странство, и сега е сосема јасно дека значителни делови од финансирањето на УСАИД не се усогласени со основните национални интереси на Соединетите Држави“.
Како привремен чекор кон стекнување контрола и подобро разбирање врз активноста на агенцијата, претседателот Трамп го назначи државниот секретар Марко Рубио за вршител на должноста администратор. Секретарот Рубио, исто така, сега го извести Конгресот дека во тек е преглед на активностите за странска помош на УСАИД со поглед на потенцијална реорганизација. „Додека ја оценуваме УСАИД и гарантираме дека е во согласност со агендата на Америка Прво и напорите на Стејт департментот, ќе продолжиме да ги штитиме интересите на американскиот народ и да се погрижиме нивните даночни долари да не се трошат залудно“, соопшти американската администрација.
Претходно Трамп рече дека дека УСАИД е управуван од „радикални лудаци“ дека е лошо управуван и ќе ги исфрли „лудаците“ од агенцијата.
САД преку УСАИД во текот на 2023 година исплатија 72 милијарди американски долари насекаде во светот за програмите кои опфажаат, од енергетската безбедност и антикорупциската работа, здравјето на жените во конфликтните зони до пристапот до чиста вода, до третманот за ХИВ/СИДА, што е 42% од целата хуманитарна помош следена од Обединетите нации во 2024 година. Оваа помош е нешто помалку од 1 отсто од годишниот буџет на САД.