По информациите во медиумите дека е превземена акција за откривање и запленување на фалсификувани пари, се огласи ОЈО.
Во соопштението од ОЈО се вели:
-Во тек се дејствија на меѓународен заеднички истражен тим, кој на наша територија е координиран од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во тек се повеќе полициски и други дејствија и во овој момент не можат да бидат споделени повеќе детали за да не се наруши постапката. Штом завршат оперативните дејствија, вклучените институции координирано ќе ја информираат јавноста, информираат од ОЈО.