Маркетите неоправдано се ставаат под голем притисок, иако имаат мал профит и големи оперативни трошоци на работење, вели за Стадион, професор д-р Даниела Бојаџиева од Економскиот факултет при УКИМ:
- Бојкотот како метод за изразување на незадоволство и покажување на колективната моќ на купувачите е легитимна работа. Меѓутоа, треба да знаеме зошто бојкотираме и која е целта на ова бојкотирање. Точно е дека ние во ковидот и после ковидот како резултат на повеќе причини, прво самата пандемија, која што направи проблеми во ланците на снабдување, понатаму енергетската криза, кризата во Украина, сето тоа се големи шокови од надворешна природа кои што се трансформираа во високи инфлаторни притисоци кои што ги доживува нашата економија и како резултат на тоа цените почнаа да растат. Но, секако е легитимно прашањето дали растот на цените требаше да биде толкав, каков што е. Водени од добрата пракса во европските земји, и кај нас доведе до иницијатива да се донесе законот за спречување на нефер трговски практики во трговијата со земјоделските производи и прехранбените производи, вели Бојаџиева.
Гледајте ја целата емисија Стадион на линкот: