Ќе расте ли повторно цената на зејтинот? Берзанските цени се многу повисоки од оние во малопродажбата во маркетите, вели во Стадион на Канал 77, Румен Смилевски од „Малина 99“ и Здружението за трговија на СКМ:
- Ќе го споменам зејтинот. Ние имаме некои одредени количини, но зејтинот се увезува, ние го немаме, во Пелагонија, малку има, тоа е за неколку месеци. Сегашната цена на зејтинот е многу поскапа од тоа што го има во маркетите. Верувајте, нема како да се спречи тоа. Зејтинот се држи, мислам, се користат последните количини. Кога нешто нема, се ориентираме на друг производ. Може да се меша сончогледово со соино, па да добиваме некоја цена пониска. Производството на сончоглед во Европа е доста намалено, тука е и Украина војната, и затоа отиде цената толку висока. Нашите навики се на сончогледово масло, што не е случај во Америка или Канада. Но, тешко се менуваат навики, вели Смилевски.
Но, освен повисоки берзански цени на сончогледовото масло, покачени се и цените на алтернативата за рестораните, пекарите и индустријата – палминото масло:
- Еве ќе го спомнам палминото масло, палмино немаме ние по кило во продавниците, ама доста го користат индустриите и рестораните. Тоа беше многу поевтино од сончогледовото. А сега, тоа е поскапо од сончогледовото. Не го кажува никој тоа, во моментов е поскапо. Точно, има влијание, пред една година се зголеми стапката на ДДВ, на тоа масло се покачи од 5% на 10% и тоа влијаеше на покачувањето, но и на берза е доста скапнато, подвлекува Смилевски.
Гледајте ја целата емисија Стадион на линкот: