Ф’стаците се омилен деликатес на многумина, но во исто време, се меѓу најскапите апетисани, нивната висока цена ве тера да се запрашате зошто? Акбар Каземи , експерт за продажба на стоки од Иран, ги објасни причините.
Одгледувањето ф’стаци е процес кој бара уникатни климатски услови: долги, суви лета и благи зими. Околу 80% од светската жетва се наоѓа во југоисточен Иран. Остатокот доаѓа од Турција, Сирија, Грција, Шпанија, Италија и САД. Ограничената географија на одгледување ги прави ф’стаците редок производ, а долгиот транспорт само ја зголемува нивната цена. Ако има лоша жетва во одредена година, цените се зголемуваат уште повеќе.
Тешкотиите со нивното одгледување, потребата од рачна берба и специфичните услови за транспорт ги прават овие јаткасти плодови едни од најскапите. Дури и благ пад на приносите веднаш се одразува на цените.
Записите за нивната употреба датираат од 9000 година п.н.е. Нутриционистите од здравствениот портал Healthline наведуваат дека 28 грама ф’стаци содржат:
– 159 калории,
– 5,72 грама протеини,
– 12,85 грама масти,
– 7,7 грама јаглени хидрати,
– 3 грама диетални влакна,
– 2,17 грама шеќер,
– 34 милиграми магнезиум,
– 291 милиграми калиум,
– 139 милиграми фосфор,
– 0,48 милиграми витамин Б6,
– 0,25 милиграми витамин Б1.
Фотографија: Freepik