СВР Штип информира за семејно насилство во Пробиштип, каде малолетната ќерка со остар предмет го прободе татка си.
-На 30.01.2025 во ОВР Пробиштип било пријавено дека околу 09.40 часот во семејниот дом, по претходна расправија помеѓу родителите, 16 – годишно девојче од Пробиштип со остар предмет го нападнало и нанело убодна рана на својот татко И.А.(46). Тој бил пренесен во Здравствен дом Пробиштип каде му била укажана помош, а по извршен преглед малолетничката била пренесена во здравствена установа. Во ОВР Пробиштип, во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Пробиштип, бил извршен разговор со нејзината мајка и другите две деца. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Штип.