По трагичната сообраќајка, во која животот го загуби Фросина Кулакова од Неготино граѓаните на Фејсбук се организираат утре на протест. Протестот ќе се одржи на „Партизанска“, каде беше прегазено девојчето д 20-годишник, кој возел пијан и без возачка дозвола. Причина за протестот е револтираноста на граѓаните, бидејќи „убиецот“, како што го нарекуваат В.Ј место во притвор и затвор скопскиот Кривичен суд му доделил „казна“ во поправен дом во Тетово. Место на протестот, според објавите е местото каде беше прегазена Фросина и пред Министерство за правда.
-Утре, освен што ќе ги “бојкотирате” маркетите, појдете на “Партизанска”, пешачкиот кај Силбо, во 13 и заедно да го блокираме булеварот!!! Можеби некој од надлежните ќе отвори очи!!! А, и ние родителите, да си ја чукнеме малку главата!, се вели во еден коментар.
„Организации најавуваат утре петок 31-ви јануари на протест пред Министерството за правда во 13 часот – каде ќе побараат одговорност од судијата што овозможил да биде на слобода престапникот.
Ние ќе се придружиме бидејќи судскиот систем е корумпиран во целост и после овој настан довербата кон судската власт од 8 проценти реално треба да ставен на 0 проценти ако не се разреши веднаш овој судија, се вели во друг коментар.