Втора година по ред општина Штип им обезбедува бесплатни униформи на учениците од прво до петто одделение во сите штипски основни училишта.
- Целта на овој проект, којшто втора година по ред се реализира е да се намалат социјалните разлики и да бидат помалку видливи меѓу дечињата во основните училишта, а тенденцијата е оваа година да се направат финансиски за можност да се реализира овој проект комплетно кај сите основци на територија на Општина Штип, вели Јорданов.
Вкупната вредност на проектот изнесува околу 5 милиони денари, од кои половина се токму за униформите на учениците од прво до петто одделение.
- Се работи и на проширување на проектот и за сите ученици во основните училишта. Во овој момент општината доставува 2.111 униформи, распоредени во пет основни училишта, централните згради и подрачните училишта, изјави Соња Николова од одделението за образование при општината.
Градоначалникот, прашан за можноста за бесплатен училишен оброк, соопшти дека се разговарало со родителите и за тоа, но дека досега имало мал инетерес, затоа што начинот на избор на компанија за набавка на храна е преку најефтин понудувач, што не ги привлекува родителите.
- Така да разговараме и на оваа тема, се надевам дека ќе изнајдеме и најсоодветно решение со кое ќе има интерес кај учениците,а во исто време ќе добиват квалитетна храна, односно квалитетен оброк, подвлекува Јорданов.