Македонски државјанин кој вчера возел 184 км/ч на автопатот кај Бујановац е уапсен. Тој со толку голема брзина удрил и оштетил полициско возило, повредил полицаец, а го оштетил и полицискиот радар.
Ова го потврдил Бобан Накиќ, јавен обвинител во Бујановац.
„Одредив приведување на државјанин на С.Македонија Ј.А.(2002) бидејќи денеска на автопатот кај Бујановац возел 184 километри на час, удрил во службено полициско возило и повредил полициски службеник. Оштетен е и полицискиот радар при ударот Материјалната штетата што настана во се проценува на над 2 милиони динари“, рекол Накиќ.
Неофицијално, несреќата се случила на делницата од автопатот меѓу Бујановац и Прешево, пренесува бујановачке.рс.