Денес напладне се запали автобусот со број 58 на ЈСП. За среќа патниците биле веднаш евакуирани, па нема повредени.
Настанот го потврдија и од МВР.
Според МВР автобусот се запалил во движење кај кружниот тек во село Сопиште и дека на едно лице кое кое вдишало чад му била укажана лекарска помош на самото место, додека други повредени лица нема
Автобус на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) денеска се запали во Општина Сопиште.Според очевидци, автобусот се зпалил во близина на приватни куќи и дрва и постоело опасност да се прошири, но за среќа навреме е изгаснат пожарот.
Пожарот што денеска избувна во автобусот на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) во Сопиште е целосно изгаснат и нема повредени, потврди за МИА командирот на скопската Противпожарна бригада, Звонко Томевски.
-Во 12.33 часот имаме добиено пријава за настанат пожар. Пожарот се случи во автобус во близина на Сопиште, кај кружниот тек, изјави Томевски.
Тој информира дека при гаснење на пожарот е интервенирано со две возила и осум пожарникари и истиот целосно е изгаснат