Вечерва на свеченост вечерва официјално ќе биде отворена канцеларија на Движењето Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти.
Канцеларијата се наоѓа во Старата скопска чаршија и според најавата, е „важен чекор за зајакнување на присуството на ова движење во Македонија и го покажува растот на поддршката на партијата и во овој регион, каде што има значителен број симпатизери и активисти“.
Партијата на Курти преку нејзини членови е дел од власта во Македонија, со што е редок случај на партиско учество на странска партија во власт на една суверена држава. Членови на Самоопределување, преку албанските партии, се директори и други раководни лица во владата на ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН.