До 15-ти февруари ќе се изрекуваат опомени, а потоа ќе се пишуваат казни за непрописно паркирање во Штип. Дел од возачите, за да го избегнат плаќањето паркинг услуга во централното градско подрачје, возилата ги паркираат на тротоари, во споредни улици и пред влезови на објекти, што претставува кршење на законот.
- СВР Штип апелира до граѓаните односно учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и со тоа сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај. Граѓаните на Штип, но и на другите градови, да не ги паркираат односно запираат возилата на места на кои тоа не е дозволено. До 15.02.2025 полициските службеници ќе изрекуваат опомени за наведените прекршоци, а потоа ќе се изрекуваат прекршочни платни налози на возачите кои ги прават овие прекршоци, а се со цел подигање на нивото на севкупната безбедност во сообраќајот, стои во соопштението од СВР Штип.
Слична е и праксата во остатокот од градот, што предизвикува проблеми, особено во најфреквентите зони, каде на големите крстосници, во чија близина има маркети, угостителски објекти и трговски центри, се создава метеж и се случуваат чести сообраќајни незгоди.
(М.К.)