Второто полугодие од школската година во Прилеп вчера почнала со немил настан, малку недостасувало да заврши фатално.
Maркукуле дознава дека вчера дете паднало од прозорец во училиште и тешко е повредено. Станува збор за шесттоодделенец во ООУ “Гоце Делчев” од Прилеп.
Ученикот со тешки телесни повреди е примен во прилепската болница “Борка Талески”, каде е констатирано дека се здобил со скршеници на коската од петицата, како и скршеници на прешлените. Поради сериозноста на повредите, детето е итно префрлено на клиниката за детска хирургија во Скопје.
Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност вели за Канал 5 директорот на детска хирургија Лазар Јовчевски . Според него детето има повреда на пршлените и скршеници на петиците на нозете. Според информациите на Канал 5 несреќата се случила во втората смена на големиот одмор кога сите ученици биле излезени во дворот.