Целата македонска јавност ја гледаше инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, особено чекајќи да видат каде седи премиерот Мицкоски, љубопитноста на јавноста ја задоволи тој.
На Фејсбук објави фотографии од инаугурацијата и покажа каде и со кого седел.
-Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во Вип ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Donald J. Trump, напиша премиерот.
Како што информираа од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски бил единствен лидер од Балканот кој присуствувал на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Во ВИП-ложата бил и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој исто тка објави фотографии и напиша:
-На мое големо задоволство, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, присуствувавме на официјалните инаугуративни активности на претседателот Доналд Трамп, како дел од приватната ложа на Мајкл Ватли – претседател на Републиканската партија на САД, напиш меу другото министерот.