Пред Домот за стари лица во Белград, каде утрово избувна пожар во кој досега загинаа осум лица, а седуммина се повредени, пристигнуваат видно потресени членови на семејството на корисниците на домот.
Мажот, чија мајка била корисничка, за „Блиц“ изјави дека нема информации дали мајка му е жива и дека се надева на најдобро.
-Беше на приземје во делот од куќата што изгоре. Немам никакви информации дали е жива и каде е. Последен пат бев тука на 9 јануари кога на мајка ми и донесов работи и се што и требаше. Потоа примила и терапија – вели за „Блиц“.
На местото на настанот била и брачна двојка, а корисник на овој дом бил таткото на мажот.
-Свекор ми беше внатре, токму во тој дел што беше целосно изгорен. Веднаш под оџакот – вели видно потресена жена.
Таа додава дека немаат никакви информации за неговата состојба, но знаат дека се пронајдени четири машки тела во целосно јагленисана состојба.