Мартин Гоџо од населбата Варош во Охрид денеска го фати светиот крст кој беше положен во водите на Охридското Езеро.
Тој беше најсреќниот меѓу стотината капачи кои запливаа во студените води на езерото, кои утрово беа осветени со богојавленска богослужба на која чиноначалствуваше г.г. Стефан.
-Пресреќе сум.Им посакувам здравје и среќа на сите, рече тој.
Гоџо по врат пат го фаќа светиот крст. Прв пат беше во 2022 година.