Австралиска инфлуенсерка е обвинета дека намерно го труела своето дете за да добие донации и со тоа да го зголеми бројот на следбеници на Интернет.
Тврдела дека нејзиното дете се бори со неизлечива болест и дека преку социјалните мрежи собира пари за лек, а всушност го дрогирала едногодишното дете, а потоа го снимила.
Лани во октомври детето беше примено во болница поради сериозни здравствени проблеми. Утврдено е дека жената во периодот од август до октомври на детето му дала неколку лекови без одобрение од лекар.
Добивала неодобрени лекови на различни начини, а остатокот од лековите кои не му ги дала на детето ги давала на друго лице во нејзината куќа, пишува Би-би-си.
По повеќемесечна истрага, 34-годишната жена е обвинета за тортура, труење, снимање содржини за социјалните мрежи со експлоатирано дете и измама.
„Нема зборови колку се одбивни прекршоци од ваква природа“, им рече на новинарите во четвртокот дежурниот инспектор на полицијата во Квинсленд, Пол Далтон.
Таа собрала 60.000 австралиски долари или повеќе од 36.000 евра преку донации на GoFundMe. Таа дејствувала сама и во петок треба да се појави пред Судот во Бризбејн, пренесува дневник.хр.