Ана Абел, „тиктокерка“ која е во брак речиси 45 години, ја освои помладата публика со својата „љубовна приказна која не била случајна“, собирајќи два милиона прегледи и над 210.000 допаѓања. Во „Тик-ток“ видеото што стана своевиден хит, Ана го опиша своето патешествие до заедничкиот живот со нејзиниот сопруг Енди.
– Во тоа воопшто немаше среќа или случајност. Работев многу, многу напорно за да дојдам до него, рече таа за својот животен партнер.
Во таа смисла, Абел буквално го следела и истражувала неговото движење во својата околина, по што следел „ловот“ на сопругот.
@annesimaabel How I met my husband 45 years ago! #fypシ #fypage #viraltiktok #nyc #viralvideo #howimetmyhusband #husband #married #marriage #husbandwife ♬ original sound – Anne Abel
Нејзината потрага по вистинскиот партнер почнала кога имала само 11 години. Абел, која денес е на почеток од осмото десетлетие од својот живот, пораснала во семејна средина каде што очекувањата биле исклучително високи. Нејзините родители сакале да успее и на академско поле, но и да се омажи за „вистинскиот човек“. Тоа, според критериумите на мајка ѝ, би значело: Евреин, интелектуалец и успешен маж.
Очекувањата на нејзиниот татко биле подеднакво строги. Кога Абел матурирала, тој ѝ рекол дека таа ќе мора да студира Хемиски инженеринг или нема да ѝ го плати образованието. Иако имала тешкотии со математиката и други науки, го послушала и дипломирала на Универзитетот „Тафтс“. Но, тука некаде, кога станува збор за љубовта, Абел повлекла црвена линија.
– Правев и направив сѐ што ми рекоа родителите, па дури и дипломирав на инженерското училиште. Но, некако инстинктивно знаев дека мажот за кого ќе се омажам мора да биде некој кој јас ќе го изберам за себе, појаснува таа.
Така, стандардите на Абел се јасни: Интелигенција, пред сѐ.
– Паметен значи „секси“. Некои бараат пари, а јас барав – ум. Енди е многу, многу интелигентен. Се обидов „да се скрасам“ со неколку партнери, но ниту еден од нив не беше „вистинскиот“. Со Енди, сепак, врската беше моментна. Најдов интелигентен професор кој е љубезен, трпелив, самоуверен, но и скромен, истакна таа.
Таа миговна леснотија била во целосен контраст со борбите низ кои минала како девојка. Со години се борела да го добие одобрувањето од родителите, но во Енди нашла некој кој безусловно ја прифаќа.
Следачите ја препознаа пораката на оваа вистинска љубовна приказна која треба да служи како пример за многумина денес.
„Со сета почит, Вашата животна приказна е толку интересна што би требало да се преточи во книга или филм“; „Буквално седев тука, чекајќи го крајот на раскажувањето“; „Фантастична приказна“ – гласат дел од коментарите.
@annesimaabel Saturday night in NYC means dinner time! 🍴 Ordered from Maya, a Mexican spot near our place, and Andy set it all out with style. 🕺 The food was amazing—definitely a highlight of the day. Now, time to wind down and get into bed. 🛌 #newyork #newyorkcity #fypシ #fypage #nyc #viralvideo #nycfood #dinner #viralvideo #fypage ♬ original sound – Anne Abel
Бракот на Ана и Енди, како што таа дополни – се заснова на почит, „тимска работа“, разбирање и меѓусебно уважување.
– Го почитувам неговото мислење премногу, рече Абел.
Гледајќи наназад, на сите 45 години в брак, Абел ја истакнува важноста и во тоа да се донесуваат одлуки „сам/-а за себе“, наместо да се подлегнува на надворешните притисоци.
– Направи го тоа за себе, а не за другите. Ти си тој / таа што ќе живее во иста куќа со таа личност. Ние сме навистина добар тим. Сакам да бидам покрај Енди… Позабавно е да се работи со Енди отколку да се работи сама. Затоа и сакам да го имам крај мене, рече таа.
Околу рамнотежата во разликите, Абел се опишува себеси како екстровертна личност и ужива во раскажувањето приказни и авантури, а Енди е поповлечен и задоволен со потивкиот живот. И покрај нивните разлики, тие се поддржуваат еден со друг во секој предизвик. Заедно имаат три деца. Во еден миг од животот морале и заедно да се справуваат со тешка депресија. Преку терапија и отворена комуникација, тие двајца ги надминале кризата и разликите, правејќи ги нивната поврзаност и меѓусебна приврзаност уште посилни.