Познатата актерка Глен Клоуз (77) проговори зошто не сака нова љубов по десет години развод.
Глен беше во брак со Дејвид Шо, но по разводот не сакала повторно да се омажи, пренесува Б92.
„Не сакам нова љубов, секогаш сум подготвена за изненадувања, но во моментов сум толку среќна. Не сум навистина толку социјален тип, не сум многу пријатна, не сакам да се забавувам. “, изјавил таа.
Глен имаше прилично турбулентен љубовен живот. На само 22 години стапила во првиот брак, но по две години се развела.
Потоа направила пауза и не сакала да се омажи се додека не го запознала бизнисменот Џејмс Марлас во 1984 година, а тој брак траеше само три години. Таа доби ќерка во кратка врска со Џон Старк, со кој никогаш не се омажи.
Третиот развод следеше во 2015 година по девет години брак. Како причина за разводот наведе дека дефинитивно не е добар микс да се поврзете со некој што работи во шоу бизнисот.