Експресниот пат Градско – Дреново 15,5 километри, беше започнат од владата на СДСМ и до месец мај 2024 година завршен со над 92% од работите за што говорат фотографиите. Денес истиот пат се пушта во сообраќај, напиша екс министерот, Благој Бочварски на Фејсбук.
-Ова е визијата на СДСМ за изградба на патна инфраструктура кој го промовираше во 2017 година, наместо барокните фасади или фонтани, без разлика дали една или друга влада ќе реализира неколку проценти од било кој важен инфраструктурен проект, важно е добрите проекти да продолжат, не поради партиите туку поради граѓаните. Честитки за граѓаните на Прилеп, Битола Крушево, Ресен и сите останати општини во Пекагонискиот регион, напиша Бочварски.