Епископот Делчевко-Каменички, владиката Марко беше гостин во новото издание на емисијата „Стадион“. Тој даде одговор на многу прашања кои ги мачат верниците, како што е- како може финансиски најмалата епархија да опстои, кога е правилно да се славо Божиќ, по грегоријанскиот или јулијанскиот календар, дали треба да се палат огнови за Бадник, но и кога е правилно да се крши лепче или пита со паричка, за Бадник или за Василица.
-Година и нешто како сум епископ, тука спаѓаат Делчево и Каменица. Две градски цркви, во Делчево има уште една црква,покрај големата „Св. Кирил и Методи“, има помала која е планирана да биде крстилница, но како се уште не е готова „Св. Кирил и Методи“, тука служиме литургија во „Пресвета Богородица“ во неделите, а за празниците во Богородица. Има околу 15.000 жители во двете општини, луѓето се иселуваат и таа бројка не е константна. Кога има празници ќе се наполни со луѓе, но потоа е празно. Но, се снаоѓаме, од странство донираат за црквата, рече владиката и додаде:
-Манастирот Балаклија, веднаш над Делчево, каде треба да биде седиштето на епархијата се гради, се надвм зимава да го средиме за да може да се вселиме. Се надвеам дека за брзо же го направиме. Ќе видиме, како Господ ќе каже, рече владиката.
Тој даде одговор и на прашањето до кога се вели: Христос се роди! Навистина се роди!
-До Стара Нова Година се вели. Празникот Рождество Христово трае осум дена, на осмиот ден има оддание на празникот и тогаш се отслужува службата и веќе не се вели:Христос се роди!, туку се подготвуваме за: Бог се јави! Се подготвуваме за Богојавление, рече тој.
Многу верници се збунети околу празнувањето на Христовото раѓање. Односно, дали треба да го славиме по грегоријанскиот или по јулијанскиот календар.
-Календарот е релативна работа, не е догма. Проблем е духовното созревање на верниците. Не можеме одеднаш тоа да го направиме и не секој ќе го разбере. И двата календара се и во право и не се. Ако сега го измериме грегоријанскиот календар, сигурно и тој доцни. До 16 век сите се раководеле по јулијанскиот календар и во 16 век се видело дека доцни 13 дена. И тогаш папата Грегорија тие 13 дена ги прескокнал. Математички тогаш било точно, но веќе се поминати 4-5 века астрономски ако го измериме сигурно и тој доцни. Важно е ние меѓу себе да се договориме по кој календар ќе одиме. Ние сослужуваме со грчката и бугарската црква, кои се водат по грегоријанскиот календар, а ние сме по јулијанскиот. Тоа не ни претставува пречка. Тоа што не спојува е Литургијата, која е безвремена, нема време во неа. Тоа Царство Небесно на земјата. Ако дојде време духовно да созрее народот за промена на календарот може ќе се случи, и ако не се случи не е никаков проблем. Се согласувам дека многумина пратејќи го грегоријанскиот календар, кога доаѓа Нова Година ние уште сме во пост, а цела држава ја слави и атмосферата е збунивачка. Но, оние кои навистина се верници, за нив новата година доаѓа сега, на Стара Нова Година, кажа владиката.
Последните години се погласни се зборувањата дали среде пости треба да се палат огнови, да се пие ракија и да се прват гозби. Дали тоа се православни или пагански обичаи, како и за тоа каква врска имаат карневалите со православието.
-Тоа многу полесно може да се расчисти. Обичаите многу полесно може да се напрви дистинкција што е православно, а што е паганство. Карневалите се пагански, го врзуваат Вевчанскиот карневал со Василица, но тоа нема врска со православието. Велат дека кога така ќе се маскираат ќе ги плашеле злите духови. Но, не можеш да ги плашиш тие духови ако се облечеш како нив. Тоа повеќе е оправдување и е сквернавење на православните празници. Верниците го празнуваат на литургија. Има обичај кога се става паричка во пита, кое има симболика со житието на Василиј Велики. Другите обичаи кои не се противни на Евангелието може да се практикуваат. И огнот ако се сфати како симболика, ама тоа да се прави на одредено место без да му се даде црковна, литургиска димензија, ако се испеат бадникарските песни со пристојна содржина, да се пее за Бога, како ангелите што ја соопштиле добрата вест на пастирите, такви песни се дозволено. Но, се уште сме во пост и гозбите не се оправдани. Но, се радуваме на раѓањето на Христа. Тоа што свештени лица доаѓале повеќе е од маркетиншки аспект, не е правилно да се прават гозби, да се пушаат музики, да се пие, јаде. Тогаш веќе и огнот ја губи смислата. Песната „Вечниот Бог“ е симболика, убава симболика, децата се споредуваат со ангелите. Ако се сфатат така и ако се практикуваат како симболика нема ништо лошо. Литургиските воспитани верници знаат кои обичаи се во склад со Евангелието, а кои не се. Затоа е потребно повеќе луѓето да одат во црква, рече тој и ја објасни симболиката на паричката.
-Некаде се практикува за Бадник, некаде за Василица и тука нема проблем. Паричката го симболизира Христос и на оној кому му паднало цела година ќе биде благословен. Не треба да му се дава нешто маѓиско. Таа симболика не е во спротивност со православието, но само како симболика, не магиско, не значење на култ, кажа владиката.
Целиот разговор проследете го во видеото подолу: