Големите пожари кои ја горат Калифорнија уништија многу домови. Меѓу домовите кои се загрозени се и резиденциите на бројни познати личности од светот на филмот и музиката.
Актерката Џејми Ли Кертис е последната во серија што излезе на социјалните мрежи. Во својата порака таа изрази жалење за трагедијата што ја погоди Калифорнија и нагласи дека нејзиното семејство е безбедно. Таа нагласи дека многу нејзини пријатели можеби немаат толку среќа и би можеле да ги загубат своите домови. Кертис апелираше до властите да ги објават информациите на транспарентен и навремен начин за да може помошта да биде насочена кон оние на кои им е најпотребна.