Оваа годин за Бадник кај моите родители, рече премиерот Христијан Мицкоски и објави семејна фотографија од вечерата.
Како што е обичај и во нивното семејство имало лепче со паричка, но таа не се паднала кај премиерот.
-Оваа година, за Бадник кај моите родители, семејната топлина и радост беа дополнети со едно мало, но значајно изненадување – паричката од бадниковата погача падна кај мојот син Антониј! Со искрена радост и надеж дека и вас ве следи среќа во новата година, ви посакуваме убави празнични моменти, мир во срцата и многу љубов во вашите домови. Среќни празници и Христос се роди, напиша Мицкоски на Фејсбук.