Синоќа беше прекината потргата по возачот на автомобилот од марка „ауди“, во кој се превезувале пет лица. Петгодишното дете пред падот на автомобилот во реката Вардар при превртувањето, било исфрлено надвор од возилото, по што случајни минувачи потоа го пренесоа во болница. Телата на три жени се пронајдени во автомобилот паднат во реката.
Како што информираше МВР, несреќата е пријавена вчера по 16 часот, по што полицијата и спасувачи заминале на местото на настанот на патот Рашче – Сарај.
-Во 18 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар. Во 21.05 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на река Вардар го извадија возилото „ауди”, во кое биле пронајдени три починати лица, соопшти МВР.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
Фото:Архива