Грчкиот Универзитет „Македонија“ во Солун пред две недели (14 декември) беше домаќин на македонски професори и заедно со центарот „Лабораторија: култури, граници, родови“ и во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ зборуваа за преводите и со фокус на македонскиот јазик. Гостувајќи во емисијата „Стадион“ на Канал 77, деканот на Филолошкиот факултет во Скопје, проф. д-р Владимир Мартиновски рече дека на конференцијата за перспективитe на културна соработка меѓу Македонија и Грција на академско ниво се зборуваше на македонски и на грчки јазик и тоа беше сосема нормално. Границите и егодусот од Егејска Македонија, беа дел од темите, сподели професрот Мартиновски.
-Универзитетот „Македонија“ од Солун,таму потстои Катедра за балкански, словенски и ориентални студии, беа главен организатор. Проферсорката Александра Јоаниду, која многу добро го знае македонскиот јазик и преведува од македонски литературен јазик, пред 2 години ја преведе збирката раскази од Румена Бужаровска „Мојот маж“. Ја преведе и книгата „Егејци“ издадена во 1999 година од Кица Колбе, која диркетно се занимава со темата Граѓанска војна, со прогонетите од Егејска Македонија и со нејзината семејна историја. Се читаа фрагменти од нејзината книга, која наредната година ќе излез на грчки јазик. Овој настан беше насочен кон тие книжевни и културни аспекти, темата граници низ кулуролошки и антрополошки аспект, рече професрот Мартиновски.
На конференцијата Румена Бужаровска, како што кажа Маритиновски, прочитала еден текст на грчки јазик,текст во кој нашата писателка го споделила своето искуство со макдонскиот и грчкиот јазик и своите мешани корени.
-Бидејќи има многу такви случаи и пошироко на Балканот, но нејзиниот текст е поврзан со нејзиниот дедо, кој бил прогонет, нејзината мајка е родена во Ташкент. Имаше одлично предавање на професроката Весна Мојосва Чишишевска, која стави еден аспект на егејската тема.
Јас говерев за потребата од книжевен превод како средство на менување на границите. Книжевните преводи, од еден на друг јазик, во случајов,од македонски на грчки и обратно ја овозможува меѓукнижевната комуникација за сите читатели, кои не го познаваат другиот јазик. Се повикав на исторското значење на преведите за сите словенски народи што ги направиле Браќата Кирил и Методи. Практично ние ги менуваме границите кога нашето дело ќе ги преведе на друг јазик, рече Мартиновски.
Наспроти мислењето дека се избегнува да се зборува за егзодусот на македонското население од Грција, опишан во дела како „Црно семе“, професор Мартиновски вели дека со грчките колеги немаат проблем да дискутираат за темата.
-Тоа се колеги кои практично ги истражуваат проблемите на егзодусот. Не е е само нашиот случај, имало многу такви егзодуси, кои донеле големи трауми, тука се и Балканските војни. Тоа се универзални големи трауматски ситуации кои оставаат последици на многу генерации и затоа е потребно да се зборува за нив, рече во „Стадион“ професор Владимир Мартиновски.
Што се однесува до конференцијата во Солун, целиот настан бил двојазичен – со превод на грчки и на македонски јазик. Сите текстови биле преведени на македонски јазик, а организаторт вложил напор никој од публиката да не биде исклучен. Најголемата порака на настанот е, како што истакна професор Мартиновски, кога се преведуваме меѓусебно,тогаш се почитуваме. Кога пишува од кој јазик на кој јазик се преведува, е чин на гостопримство, кога се преведува,тој текст станува дел од културата од која се преведува.