Општина Штип ги додели стипендиите и наградите на најуспешните ученици од општината во текот на изминатата година. Како што денес изјави градоначалникот Иван Јорданов, ваквите признанија се со цел да се мотивираат учениците и да се стремат за уште поголеми успеси во иднина.
- Општина Штип трета година по ред ги стимулира, мотивира и наградува учениците, кои што имаат посебни достигнувања на државни и меѓународни натпреварувања, а се од нашиот град. Навистина еден гест кој што се надевам дека ќе ги мотивира да влезат со уште поголеми успеси во следната учебна година, затоа што ова можеби не значи многу, но верувам дека ќе биде една мотивација да продолжат по патот, по кој што чекорат. Посакувам догодина да се зголеми финансискиот износ за поддршка на успешните ученици, кои што верувам дека во своето образование ќе бидат успешни, изјави Јорданов.
Првата група на ученици, добиваат парични месечни награди од 3.000 денари, за втората група износот е 2.500, а третиот износ е 2.000 денари.