На 21.12.2024 околу 15 часот полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Љ.Д.(45), И.Д.(25), А.Д.(24), Т.Д.(22) и К.Д.(25), сите од Штип, затоа што нападнале полициски службеници при вршење на службени дејства. Претходно, полициските службеници се упатиле кон манастирот „Воскресение Христово“ во атар на Штип, каде била пријавена кражба и по преземените мерки и активности во врска со тој настан, се упатиле кон Штип. При тоа, кај местото викано „Елките“, забележале запрежно возило натоварено со бесправно исечени огревни дрва. При преземањето мерки и активности за расчистување на настанот, полициските службеници биле нападнати од Љ.Д.(45), И.Д.(25), А.Д.(24), Т.Д.(22) и К.Д.(25), кои употребиле и тврди и остри предмети. Еден полициски службеник испукал и предупредувачки истрел во воздух, по што лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Двајца полициски службеници се здобиле со повреди.