Многу луѓе се прашуваат кога синот ја превзема семејната слава од својот татко, а често има погрешни толкувања на овој обичај
Теологот Александар Ѓурѓевиќ детално го образложи правилниот момент за примање на славската погача и одговори на дилемите кои мачат многу верници, пренесува ало.рс.
Често се случува синот да ја преземе славата дури по смртта на таткото, што не е во согласност со традицијата, нагласува Ѓурѓевиќ.
Според него, вистинскиот момент да го превземе славскиот колач е кога ќе основа сопствено семејство и ќе се пресели во нов дом.
Првата година по бракот, синот доаѓа на слава кај татка си, зема четвртина од погачата со честитки и потоа ја носи таа четвртина во својот дом. Веќе следната година, синот го започнува празнувањето на славата во својот дом.
Ѓурѓевиќ посочува дека не е во ред што многумина денес одлучуваат да не ја слават славата во својот дом додека е жив татко им, велејќи: „Одиме кај нашиот татко додека е жив, а подоцна ќе ја земеме славата“.
Штом синот ќе се одвои од родителите и си основа свое семејство, треба и да ја преземе неговата слава – заклучува Ѓурѓевиќ.