Во трите случаи за кои ФИТР поднесе кривична пријава против двајцата поранешни директори, утврдено е неправилно користење на парите од грантот, за што истите не реагирале, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
-Покрај тоа што ФИТР во време на СДС исплатил скоро 400.000 евра на Фротирка АД Делчево за набавка на машини за ткаење, наместо за некаква иновација, тогашниот директор ги исплатил сите средства без проектот да биде барем 70% реализиран. Потоа истиот не реагирал ниту кога се подигани готови пари од наменска сметка за проектот, наместо од истите да се купат машините за кои е добиен грантот. ФИТР е користен за испумпување на пари. Наместо за реални иновации и технолошки развој пари се давале за набавка на машини за ткаење, за тренирање магариња, за рецепт за пици итн. Одговорност за безобразната злоупотреба на народни пари преку ФИТР ќе има, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.