Дубровчани и нивните гости се собраа во неделата вечерта на Страдун на концертот на групата „Парни Ваљак“ во рамките на Дубровничкиот зимски фестивал, но се случила несреќа, пејачот Игор Дрвенкар паднал од бината и се повредил.
Хусеин Хасанефендиќ Хус најпрво и кажал на публиката дека концертот може да продолжи по еден час, пренесе Дубровачки вјесник.
Моментот на падот го снимил некој од публиката, а го објави Дневник.хр
Организаторите се огласија подоцна и открија што се случило со Игор.
„Концертот нема да продолжи поради повредата на пејачот, кој откако беше примен во болница, беше задржан поради изместување на рамо. Игор се чувствува добро“, најавија од Дубровничкиот зимски фестивал, пренесува Б92.