Случајот со ставањето на Артан Груби не е како останатите случаи, како Мерко или Анѓушев, кај нив се вели дека се правело корупција, ама во случајот со Груби точно се наведува од кого, кој земал пари и за што се земани тие пари, вели во денешното гостување во Стадион на Канал 77, поранешниот министер за финансии Џевдат Хајредини.
- Овде кажуваат точно за кои случаи се работи, од кого земале пари и за што земале пари, велат што чекате ние не можеме да одиме во полиција и ние да ги земеме, ние сме амбасада, вели Хајредини.
Смета дека ДУИ е во тешка ситуација, сака нереди за повторно да се направат вонредни избори и да влезат во Влада, а Законот со јазиците според него ќе се реши во мај кога ќе се донесат нови одредби по препорака од Венецијанската комисија и ќе се изнајдат нови решенија.
За случајот со сквернавењето на националното знаме, за приватизацијата во земјава и за уште многу други прашања во најновото издание на емисијата Стадион зборуваме со поранешниот министер за финансии и сегашен надворешен член на советот за безбедност, Џевдат Хајредини. Следете не на линкот подолу: