Руските сили извршија голем напад врз енергетската инфраструктура на Украина како одговор на употребата на шест американски ракети ATACMS од страна на Киев за напад на аеродромот во Таганрог, соопшти Москва. Володимир Зеленски вели дека Русите истрелале 93 проектили и користеле 200 беспилотни летала. Тој го нарече нападот еден од најголемите удари за енергетската инфраструктура во земјата.
„Целта на нападот беше постигната. Сите објекти беа погодени“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана. Песков претходно изјави дека одговорот на Русија на нападот на Украина на воениот аеродром Таганрог е неизбежен.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Русите истрелале 93 проектили кон Украина.
„Можно беше да се соборат 81, од кои 11 крстосувачки проектили беа соборени благодарение на Ф-16“, објави шефот на украинската држава на Х. Тој тврди дека Русите користеле и речиси 200 дронови.
„Еден од најголемите удари за нашата енергетска индустрија“, рече Зеленски.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ги повика партнерите итно да испорачаат повеќе системи за противвоздушна одбрана откако Русија уште еднаш го бомбардираше енергетскиот систем на Украина.
„Русија има за цел да нè лиши од енергија. Наместо тоа, мора да ѝ ги одземеме средствата за терор. Го повторувам мојот повик за итна испорака на 20 системи за воздушна одбрана NASAMS, HAVK или IRIS-T“, напиша Сибиха во објавата на X. .
Утринскиот напад предизвика дополнителни ограничувања на потрошувачката на електрична енергија за потрошувачите, според националниот мрежен оператор Укренерго. Локалните власти известија за повеќекратни експлозии во јужниот град Одеса, а регионалните власти во Киев соопштија дека системите за противвоздушна одбрана се оперативни.
Украинскиот енергетски систем претрпе 11 бранови руски напади оваа година, предизвикувајќи голема штета и долгорочни прекини на електричната енергија низ целата земја.
М.К.
Photo by Алесь Усцінаў