Маж(52), македонски државјанин починал во зимскиот туристички центар Банско, во месноста Шилигарнка. Мажот бил пријавен за исчезнат вчера околу 16.30 часот, јавува Struma.com.
Медицинските лица кои пристигнале на местото на настанот констатирале смрт, бидејќи при преглед на телото немало траги на насилство.
Се претпоставува дека добил инфаркт додека бил на терените, пренесува днес.бг