Коалицијата за заштита на децата изразува најдлабока разочараност за одлуката овогодинешната
државна награда „Мето Јовановски да биде доделена на ЛГБТИ+ активистот Лила Милиќ и здружението на граѓани „Центар за граѓански комуникации (ЦГК)“, а воедно изразува и неодобрување на моменталниот состав на одборот кој ја донел оваа одлука, од следниве причини:
-Лила Милиќ е познат ЛГБТИ+ родов активист, кој не само што е роден со машки пол (маж), а себеси се идентификува како жена, туку и години наназад, преку организиран и координиран активизам за менување на традиционалните општествени вредности, се обидува да ја внесе и на сила да ја наметне родовата идеологија врз туѓи деца преку образованието, и покрај острите реакции и критики од родителите, како и врз сето општество. Тој е еден од основачите на „ТрансФорма“,
иницијатива која се залага за правно признавање на родот и родовиот идентитет, односно легализирање на антинаучната идеја дека има повеќе од два пола, кои се флуидни т.е. променливи.
Милиќ е и познат активист за декриминализација на проституцијата и смета дека проституцијата и продавањето на женското тело како парче месо е подеднакво чесна и нормална работа како секоја друга работа (негувателка, учителка, сметководителка, хигиеничарка итн.), со што ја шири и зацврстува мизигонијата и го понижува женскиот дигнитет.
Здружението на граѓани „Центар за граѓански комуникации (ЦГК)“ исто како и „ТрансФорма”, кои се партнери со озлогласените Маргини и Хера, се (ин)директно финансирани од Фондацијата Отворено општество на Сорос, за активизам, лобирање и трансформација на општеството во нешто непосакувано и ужасно, на штета на секој еден свесен граѓанин на Република Македонија.
Ништо поразлично не е и со одборот, кој носи вакви скандалозни одлуки. Мнозинството од тој одбор е сочинето од ЛГБТИ+ родови активисти, кои доаѓаат од редовите на платените невладини организации на Сорос, кои се партнери и блиски соработници на Милиќ и на „Центар за граѓански комуникации“. Со тоа, постои сериозен конфликт на интерес во одлучувањето и непринципиелно и пристрасно доделување на наградата, а воедно не постои никаква транспарентност околу кандидатите и критериумите за избор.
Потсетуваме дека оваа државна награда беше востановена во 2018 год. од страна на Владата на СДСМ, а по иницијатива на Хелсиншки комитет, чиј основач бил Мето Јовановски, и истата предизвикува фискални импликации во Буџетот на Република Македонија, односно на Милиќ и ЦГК ќе им бидат исплатени пет просечни плати исплатени во Република Македонија во последните три месеци во тековната година како награда т.е. над 300.000 денари народни пари.
Сметаме дека лица и организации кои спроведуваат агенди на Сорос и чие „животно дело“ е промоција на проституцијата, промоција на антинаучни, штетни и радикални идеи за полот/родот, индоктринација на децата и одземање на родителските права, не заслужуваат државни награди, а уште помалку заслужуваат да бидат платени за тоа од парите на овој напатен народ!
Бараме целосна реконструкција на одборот и поништување на одлуката наградите да се доделат на гореименуваните, и напоменуваме дека со ваквите постапки на новата Влада т.е. доделување државни награди во Собранието на Р. Македонија, без разлика што одборот кој ја донел одлуката е остаток од претходната Влада, само се придонесува за продлабочување на недовербата и зголемување на проблемот, се вели во соопштението од Коалицијата за заштита на децата