Ноќеска во Куманово запалени се два автомобила и една деловна просторија, а еден од автомобилите е сопственост на кумановскиот обвинител Џелал Бајрами. Бајрами потврди дека е запален неговиот автомобил, но рече мислам дека тој лично не сум таргет на настанот и додаде дека не сака да му даде политичка димензија на настанот.
– Пријавено е уште кога се случи настанот, од страна на соседите на кои во оваа прилика им се заблагодарам. Дојдена е противпожарната единица, припадници на полицијата. Изгаснат е пожарот, ништо не остана од возилото. На самото место излезе и дежурниот јавен обвинител, зедоа материјални докази за расветлување на настанот. Очекувам и се надевам дека брзо ќе се најдат сторителот или сторителите на оваа дело. Приватно е возилото, паркирано пред дворот од куќата пред влезната врата нема други штета, возилото целосно опожарено очекувам дека во најскоро време ќе бидат откриени лицето или лицата кои стојат зад настанот, изјави Бајрами за МИА.
„Коха“ информира дека целосно изгоре автомобилот на обвинителот Џелал Бајрами, Ментор Шахини и Ердуан Хасан.
-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите каде беа опожарени два автомобили и една деловна просторија. Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видео надзор, се вели во информацијата од ЈОРМ.
Опожарен е и дуќанот за фотокопирање на општинскиот советник на ДУИ во општина Куманово, Фитор Јакупи.
„Ве известувам дека денеска во раните часови – некаде околу 3:05 часот, мојата приватна канцеларија во Куманово беше опожарена од црна рака (на непознати лица)“, напиша Фитор Јакупи на својот Фејсбук профил.
Едниот автомобил, тој на Шахини бил во гаража, додека другите два биле надвор.