Бидејќи Трајко Славевски никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, а овој пат бара поддршка од мене – ја има.
Ова му го порача градоначалничкатана Скопје, Денела Арсовска на председателот на градското собрание, Трајко Славевски откако тој го објави барањето на приватните превозници за зголемување на цената на приватниот превоз.
-Го охрабрувам Трајко Славевски, како што и веќе на писмено му одговорив во текот на седницата на Советот со доставување на мислењето од моја страна кое го бараше, да ја стави точката на приватните превозници на дневен ред и заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе ја поддржат и ќе прифатат зголемена цена за превоз на приватните превозници или не. Биди храбар Трајко, се вели во соопштението утрово испратено од Град Скопје,а потпишано од градоначалничката.
Вчера Славевски го објави барањето на приватните превозници и посочи дека „приватните превозници бараат поскапување на услугите“.
-Арсовска е на ред, рече Славевски, а одговорот го доби утрово од Арсовска.
Препукувањата продолжуваат….