Министерот за здравство, Арбен Таравари ги демантира вчерашните гласини дека доживеал срцев удар. Тој во денешната објава на Фејсбук напиша дека тоа е лага, а вистината е дека колабирал.
-Вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар. Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи. Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница. Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се уште немаат донесено никакви заклучоци. Сепак, добро сум, со семејството и ќе ги чекаме одговорите на лекарите. Би сакал да ви кажам дека не очекував толку голема грижа и добрина од вас. Ви благодарам од се срце, напиша Таравари.