Пејачката Адел во солзи го заврши својот настап во резиденција во Лас Вегас и на подолго време се повлекува од јавниот живот.
Британската пејачка Адел во саботата низ солзи го заврши својот стоти настап како дел од резиденцијата во Лас Вегас, каде настапуваше последните две години, со што заврши долгиот период на настапи, пренесува Н1.хр.
Веќе во моментот на споменатите настапи, Британката во неколку наврати потенцираше дека ќе направи подолга пауза по резиденцијата бидејќи тоа искуството емотивно ја исцрпило.
#ADELE breaks into tears on her final night of her Vegas residency. “I will miss you terribly. I don’t know when I’m going to perform again,” she says emotionally.
pic.twitter.com/nss7OTWZlW
— Pop Core (@TheePopCore) November 24, 2024
„Многу сум тажна што резиденцијата заврши, но многу сум среќна што се случи, навистина сум. Ќе ми недостигаш ужасно. Не знам кога ќе сакам повторно да настапам“, рече низ солзи таа на последниот настап.
На социјалната мрежа Инстаграм таа напиша дека резиденцијата е огледало на последните години – „од изгубено и скршено до исцелено и процветано“.
@adele.adkins.vids Adele kisses #richpaul and #adeleson for final show during Weekend 50 of Weekends With Adele #Weekend50 #weekendswithadele #caesarspalace #Residency #Vegas #adeleadkins #adelelasvegas #adele #adelelaurieblueadkins #adelequeen #explore #adelesongs #viral #Colosseum #live #performing #concert #singing #weekendswithadeleinvegas #fyp #adele2024 #30era #adele30album #adele25 #adele30 #adele19 #daydreamer #adelefinalshows ♬ original sound – Adele💫🎵
Како што изјави во јули во интервју за германски ЗДФ, решила да се пензионира бидејќи и недостига се што имала пред славата. Пред неколку години, пејачката навести дека сака да студира англиска литература откако се повлече од центарот на вниманието. Ѕвездата требаше да започне да настапува во Лас Вегас веќе во јануари 2022 година, но поради избувнувањето на Ковид-19 во нејзиниот тим, таа ги откажа настапите непосредно пред тоа, а потоа ги започна подоцна оваа година. Оттогаш таа настапуваше речиси секој петок и сабота.