Никој не очекуваше дека младиот Иван Кукиќ ќе биде помалку од неговите родители Ленче и Горан Кукиќ, а тоа го докажа денес, на промоцијата на неговиот прв албум „Sunday vibes“, кој и тоа како заслужува внимание. А доволен показател е што зад него застана „Кроација-рекордс“.
Иван веќе подолго време е дел од Влатко Стефановски Трио, но ова е негово прво чедо, на кое работел и самиот тој, но и многу познати балкански легенди.
-На албуот се поместени 10 композиции, жанровски различни, што е во ред за прв албум. Албумот звули како да го издал музичар кој има многу поголема сериозна кариера. Гостуваат Влатко Стефановски, Теодосиј Спасов, Дадо Топиќ… Иван ја заслужува целата наша помош, рече Манде од „Баги комуникации“ и ја кажа реченицата на Дадо Топиќ, која многу убаво објаснува што значи Иван во музиката.
-Не знам кое е момчето, само слушнав дека Влатко има дете кое убива бас, рекол Дадо.
Иван и на самата промоција ја покажа неговата мајсторија во свиење бас, но и она што малкумина го знаеја, дека тој, нормално, ги повлекол гените на родителите, па иако се уште не опуштен ама пее исто толку убаво колку што свири бас гитара.
И навистина Иван свири растура не само со раце, туку и со прстени, кои му се наредени скоро на сите прсти а за кои откри:
-Прстените не се некоја амајлија, но се подароци од луѓе кои ми значат и затоа со задоволство ги носам, рече Иван.
И пред да го почести присутните со дел од композициите на албумот тој се заблагодари:
-Сакам да се заблагодарам на сите гости и соработници на албумот почнувајќи од маестро Влатко Стефановски, со кој ја работевме „Sunday vibes“… на Теодосиј Спасов, на Јан Стефановски, на Џамбо, Сакис Доволис, на екипата зад мене… Без вас албумот немаше да биде. Да сте живи и здрави, рече Иван и одсвиреа неколку композиции од албумот.
Но, Иван е ептен тлентирано дете и тој гордо може да застане не само зад бас гитара, туку и зад повеќе народни инструменти, тапани, пијано, контрабас, а во исто време и да компонира, аранжира и пее.
И тоа што како мал не го избра вокалот да го води низ кариерата туку басот, благодарејќи на чичко му, сосема го оправда. Пред Иван навистина е отоврен патот за голема кариера, а ова е само почеток.
Весна Миленковска
Фото: Вангел Тануросвки