По испратениот Ултиматум и спроведената анкета на која одговорија 3568 студенти, 85% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 66,7% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,6% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 66,7% од истите воопшто не се задоволни од истиот.
Овие бројки денеска ги соопштија од Универзитетското собрание при УКИМ од каде тврдат дека добиле бројни интерни поплаки од студентите кои се жалат на како што велат, катастрофалната положба во која се наоѓа градскиот превоз нарушувајќи го секојдневно студенскиот стандард.
УСС-УКИМ преку писмено соопштение ги повика студентите да го искажат своето незадоволство поради недостигот на квалитетен јавен градски превоз на протест!
⏰ Време:
14:00 часот, пред Стара Пошта
14:30 часот, пред Град Скопје
Дополнително, испраќаме силен апел за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од ваша страна и вашиот тим во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници.
Конкретно, барањата се следните:
•Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit;
•Воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје;
•Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница)
•Набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии;
•Надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт;
Скопје и студентите заслужуваат функционален превоз, а не хаос!
➡️ Дојди, поддржи и бори се за промени, апелираат студентите.