Вчера во прифатилиштето на ЈП Лајка, Скопје беше донесено куче во тешка состојба и во бесознание, жртва на свирепо насилство.
-Човекот којшто го донесе кучето, самиот сведок на настанот, случајот со доказниот материјал ги пријавил во полиција. Кучето, среден раст на возраст до две години беше примено од наша страна во животно-загрозувачка, полусвесна состојба, со видливи повреди на телото, особено на главата, контузии на главата и оток, со крварење, тешко дишење и посекотини од остар предмет. Човекот кој го донесе кучето посведочи дека тоа се здобило со најмалку 10 удари со метален предмет во пределот на главата, информираат од „Лајка“ и додаваат:
-Претепаното куче е под ветеринарен надзор и терапија во ЈП Лајка, но неговата состојба ни денес не е променета и неговата здравствена состојба е неизвесна. И додека кучето се бори за живот, Јавниот обвинител надлежен за случајот го пуштил сторителот не продолжувајќи му ја мерката притвор. ЈП Лајка ќе поднесе кривична пријава против сторителот и соучесниците во кривично-правниот настан и следствено бараме да се изрече највисока казна затвор согласно Кривичниот закон. Вакви монструозни дејанија не смеат да поминат неказнети, се вели во информацијата од претпријатието.