Како што пишува австрискиот весник Heute, сопственикот на вилата почнал да го реновира имотот. Градежните работници кои работеле во подрумот и вршеле работи на малтерисување и чистење на ѕидовите забележале како од подот излегува јаже. Сопственикот не обрнал внимание, што се покажало како голема грешка, пренесува курир.рс
Следниот ден, кога водоинсталатерот дошол да си го уреди делот од работата, забележал сомнително јаже и прво се обидел да го извлече од земја. Меѓутоа, тој не можел да го направи тоа, па почнал да копа, а со лопата наишол на метална кутија која претходно била поставена во бетон.
Кога ја извадил и ја отворил металната кутија, имал што да види: во неа имало златни монети, главно со ликот на Моцарт.
Според првите проценки, во кутијата имало околу 30 килограми Моцартови монети од чисто злато, пренесува Heute, наведувајќи дека проценетата вредност на златниците е околу 2,3 милиони евра.
Според австрискиот закон, пронаоѓачот има право на најмалку една третина од заборавеното богатство, а можеби и половина.
Се сомнева дека златото било закопано во бетон пред Втората светска војна.