Актерката Шанел Маја Бенкс, позната по улогата во серијата „Озборувачка“, исчезна пред две недели, по што беше пронајдена, пренесува Б92.
На 13 ноември ТМЗ објави дека актерката е пронајдена жива, здрава, неповредена и безбедна. Сепак, нејзината братучетка Даниеле-Тори Синг рече дека сето тоа е лага и дека се уште не ја пронашле актерката. Впрочем, и самата Шанел сега се огласи на социјалните мрежи и откри шокантни детали од нејзиниот живот.
Таа на Инстаграм сподели објава во која напиша дека со години трпела насилство, а зад сето тоа стојат нејзиниот очув и мајка, кои учествувале во истрагата.
„Целиот мој живот тивко ја поднесувам болката од ритуалното сексуално злоставување, манипулациите и бескрајните мачења што ги трпев уште од времето кога бев беспомошно бебе во рацете на моето таканаречено семејство, кое сега е многу „загрижено“ за мојата локација, напишала, а потоа истакнала дека се сретнала со полицијата и им потврдила дека е добро и дека конечно е ослободена од нејзината мајка.
„Сакам слобода за себе, но и за сите оние кои страдаат во тишина. Сакам да кажам се јавно за да сфатат луѓето како мене дека не треба да се срамат. Сакам правда и го молам Господ да ми помогне да ја постигнам таа правда. “, рече таа..
"Nestala" glumica iz serije Tračara se oglasila na Instagramu gde je otkrila da je pobegla od roditelja koji su je seksualno zlostavljali pic.twitter.com/u9FRoUdtsD
— Arsil (@arsagarson) November 15, 2024
Актерката напишала дека цел живот трпела малтретирање од мајка си, но и од очувот, кого го нарекла педофил.
„Ме силуваше од време на кое не се сеќавам до 2014 година“, напиша Шанел, а спомена и чичковци и тетки со кои исто така не е во добри односи. Потоа и се обратила на Даниела, која била најинволвирана во истрагата и која последните денови ги информирала обожавателите на актерката за развојот на случајот. Даниела на почетокот рече дека неколку дена не се слушнала со Шанел и дека и е сомнително бидејќи постојано разговараат.
Бенкс сега напиша дека тоа е лага и дека не разговарала со својот братучед цели 15 години. Таа рече дека Даниела копнее за слава и внимание. Таа напишала и дека цел живот не можела ништо без нивна дозвола и дека сите ја малтретирале. Нејзиното семејство отворило и страница GoFundMe каде што ги собирало средствата потребни за истрагата, а Шанел ги замолила своите следбеници да не им плаќаат пари бидејќи сето тоа е измама.
Меѓутоа, по оваа објава која ја избриша, актерката повторно се појави во стори на на Инстаграм каде презентираше детали кои уверуваат дека се што претходно напишала е вистина. Рекла и дека наскоро ќе се огласи со видео на Јутјуб.