Пејачот Саша Матиќ се најде на мета на измамници, а во се бил вмешан и неговиот брат близнак Дејан Матиќ.
Компанија која се занимава со производи за слабеење претстави соработка со Дејан Матиќ, а потоа како резултат на користењето на овој производ објави слика на која Дејан е наводно послаб.
Сепак, се покажа дека на сликата е Саша Матиќ.
Saša Matić na meti prevaranata, a u sve umešan i brat Dejan pic.twitter.com/jj56RnnXHA
— Malagaravaa (@vaskekopirinac) November 14, 2024
Неговите најжестоки обожаватели веднаш забележале дека се работи за измама, а за тоа проговори и пејачот.
-Никогаш не сум соработувал со таа компанија и не е првпат да се користат моето име и лик. Со мојот тим ќе одлучам дали ќе ги тужам – изјави Саша Матиќ
Слични непријатности им се случија на неговите колеги како Драгана Мирковиќ, Марија Шерифовиќ, Снежана Ѓуришиќ…