Утрово одекна експлозија во Скопје, во која едно лице е повредено. Станува збор за лицет Раде Трајковски-Штекли, кому ова му е трет обид за ликвидација.
МВР го потврди настанот:
-Утрово во 9:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Лицата кои го извршиле нападот сѐ уште не се идентификувани и приведени. Во инцидентот нема други повредени, информираат од МВР.
Медиумите информираат дека Трајковски поминал со полесни повреди и е вон животна опасност. Во него беше пукано и во Ист Гејт Мол, но и тогш, како и овој пат успеа да се спаси. .